Ниедна од овие табли на магистралниот пат Кичево – Гостивар не е на албански јазик. Има 3 натписи, но ниеден не е на албански јазик. “Зајас“, “Долно Строгомиште“, “Горно Строгомиште“, “Колари“, “Трапчин Дол“, иако се модифицирани како да се напишани на албански, всушност ниедно од овие села кои се населени со Албанци не се пишува вака на албански.
„Ова се некои од таблите кои се наоѓаат на магистралниот пат Кичево – Стража, на оваа табла е напишано на три јазици но ниеден од јазиците кои се напишани не е албанскиот јазик, оваа табла покажува од каде се оди кон селото Големо Дрогомиште и Мало Дрогомиште. Речиси сите табли кои се покрај магистралниот пат се вака напишани, но ниедна не е на албански јазик напишана како што треба или пак воопшто не е напишана на албански јазик.“, јавува репортерот на ТВ21.
ТВ21 побара одговор од ЈП Државни патишта и од таму велат дека се работи на поставување на 500 нови табли.
„Сите табли се во процес на изработка, ќе се постават 500 табли и тоа ќе одземе малку време.“, велат од ЈП Македонија пат.
За официјализирање на албанскиот јазик, првиот вицепремиер Артан Груби пред неколку дена за време на една посета во Косово потсети дека ова прашање е веќе завршено.
„Вие веќе знаете дека Владата функционира на двата јазика, јас речиси половина од состаноците на Владата сум ги водел во Македонија и сите сум ги водел на албански јазик, така функционира и во Собранието и во претседателството, така што албанскиот јазик е официјален во Македонија, завршена работа е тоа.“, рече Груби.
Инаку на влезот на овие гореспоменати села и општина Кичево, во првиот мандат постави табли на албански јазик. Останува да се види дали ќе бидат заменети и овие табли на автопатот.
