Во некои региони низ Македонија воопшто нема, а во други нема доволно гинеколози. Конкретен случај, е југозападниот дел на земјава, каде речиси сите болници кубурат со кадар. Професорката д-р Ана Маркова-Данева вели дека недостигот од гинеколози е предизвик кој тешко се надминува. Таа додава дека се обидуваат да најдат решение со мобилни тимови.
Во 90-тите години породувањето со царски рез беше 10%, додека сега 43% од трудниците се пораѓаат на овој начин, што го отежнува здравствениот систем, вели гинекологот Глигор Тофовско.
Од друга страна, недостига и свесност. Истражувањето на Здружението на гинеколози и акушери покажува дека во Македонија над 30% од жените воопшто немаат матичен гинеколог, па затоа не одат на редовни гинеколошки прегледи, не користете превентивни мерки, право на заштита на сексуалното и репродуктивното здравје.
