Недостиг од педијатри во Струга и во Охрид, надеж дека состојбата ќе се надмине со доаѓање на новата генерација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Недостигот од педијатри во Струга и Охрид од Здружението на педијати го гледаат како мал вакуум кој наскоро ќе се стабилизира. Др. Татјана Јаковска вели дека има интерес кај младите лекари за оваа насока и дека во моментов има стотина специјализанти во земјава.

Професорите очекуваат недостигот од лекари специјалисти во земјава да се надмине. Велат дека не сите одлучуваат да заминат од земјава. За заминувањето на лекарите и специјалистите од земјава, сугерираат младите да размислат два пати пред да донесат одлука.

Овие коментари беа дадени во текот на симпозиумот “Хроничната кашлица кај децата“ на Здружението на педијатри на Македонија. Наде 230 експерти дебатираа на првиот симпозиум кој се одржа во Струга.