Кичевци речиси секојдневно се иритирани од паркирањето автомобили насекаде, на тротоари, среде коловозни ленти, пред продавници, но и пред куќи.
Ситуацијата станува потешка, особено кога доаѓаат печалбарите. И за сето тоа причината е недостигот од паркинзи.
Еден граѓанин го изразил својот револт на средба што Фатмир Дехари и Али Ахмети со иселениците во Кичево. Тој рече дека не може да излезе од дома затоа што секој пат има автомобили паркирани пред неговата порта.
„Имаме уште еден проблем, паркингот. Јас, тие што имаат локали таму, има и мои роднини меѓу нив, но не можам да ги оправдам затоа што ми е роднина кога не можам да влезам дома. Имаме инвестирано стотици илјади франци таму за да изградиме куќи, тоа е прекрасна населба, но за жал заради мештаните имаме проблем, не можеш да се доближиш, да влезеш дома, ова е нешто апсурдно“.
Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари рече дека оваа состојба ќе се реши само со воведување наплата на паркинзите.
„Се гледа јасно дека има потреба од платени паркинзи, како што гледате се трудиме да завршиме, сите градски улици ги завршивме со хоризонтални и вертикални знаци за ред во сообраќајот и правила за паркирање, се обидов преку социјалните мрежи за да се направи еден вид анкета за тоа колку вреди да се почне со платен паркинг, секако има и за и против“, вели Фатмир Дехари.
Првиот човек на ДУИ Али Ахмети побара од граѓаните да ги почитуваат правилата, но и од полицијата во исто време.
„Полицаецот го казнува, тој излегува и му се заканува, полицаецот се обидува да им ги спаси животите, но и да спаси и други, затоа сите мора да работиме со совесно и свесно“, додава Али Ахмети.
Од Секторот за внатрешни работи, Охрид, велат дека во 2022 година полицијата изрекла 1015 казни за погрешно паркирање. Казните за погрешно паркирање почнуваат од 25 евра и се движат до 180 евра, во зависност од прекршувањето на законот при паркирање на автомобилот во сообраќај.
