Претекнување на колоната од страна на шоферот Б.Б. на патот Скопје-Блаце и судирот со автомобил со косовски таблички е причина по што истиот паднал во реката Лепенец при што загинаа три лица.
Статистиката на МВР покажува дека само од јануари до мај оваа година, во сообраќајни несреќи настрадале 44 лица.
Универзитетскиот професор по безбедност Башким Селмани вели дека институциите на полицијата повеќе се фокусирани на казнување на граѓаните отколку да ги спречат ризиците.
„Доколку се земаат предвид автопатиштата и магистралите гледаме дека една од основните пречки е фокусот на полициските институции не во превенцијата и санацијата на прашањата кои се во врска со заканите и ризиците во врска со патиштата, туку напротив, полиција инсистира само да ги казнува граѓаните но не и паралелно да се занимава со прашањето за безбедноста на пат“, вели Башким Селмани.
Според професорот Селмани, недостигот на сообраќајна култура има и кај самите возачи кои не ги почитуваат сообраќајните знаци.
„Тоа би бил алармантен знак дека состојбата и ваквите случаи треба да се превенираат и да се гледаат и институционалните слабости но и автомобилите кои постојано не ги почитуваат сообраќајните правила и затоа се случува неочекуваното. Бидејќи во поголем дел од случаите каде постои ризик не се почитуваат одредените знаци“, додаде Башким Селмани.
Минатата година се случиле 7806 сообраќајни несреќи и имало 124 жртви.
