Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку видео истакна дека денеска е седмиот ден од неговата самоизолација, односно 14 ден од последниот контакт со лице заразено од Ковид-19 вирусот.
„Во текот на денот бев тестиран, а штотуку ги добив резултатите од денешното тестирање и со задоволство можам да кажам дека сум негативен на тестот, што практично потврдува дека не сум инфициран од Ковид-19 вирусот“, вели Мицкоски.
Мојот карантин завршува, се посветувам на моите редовни активности. Овој Велигден е поразличен од оние кои ги паметиме. Овој најголем празник ќе го прославиме во кругот на семејството, и така ќе спасиме човечки животи, а на Христовото воскресение ќе се радуваме со нашите најблиски. Многу среќа, успеси и следниот Велигден заедно да го славиме во Божјите храмови. Бидете живи и здрави!