Венко Филипче, министерот за здравство на прес-конференцијата во 16 часот во Владата, рече дека нема нови заразаени од коронавирусот во нашата земја.
„Двете лица кои беа тестирани сабајлево, имаат негативни резултати на коронавирусот. Едниот е возачот на камионот, а другиот жената која била во Рим. Во моментов се тестира уште едно лице, и резултатите ќе ги имаме наскоро. Здравствената состојба на жената со коронавирус на инфективно е добра, добро се чувствува“, изјави Филипче.
