Неговиот збор прави богатство – Илон Маск со твит повторно направи „карамбол“ на пазарот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На крајот од она што беше дива недела за пазарите, доаѓа Илон Маск, кој ја крена цената на биткоинот за повеќе од 15 проценти.

Основачот на Тесла додаде #биткоин во својот напис на Твитер во раните утрински часови пред мистериозниот твит: „Во ретроспектива, тоа беше неизбежно“.

Откако Маск го објави твитот, цената на криптовалутата скокна на нешто повеќе од 32.000 на 38.000 долари за помалку од еден час, а потоа се спушти на 36.497 долари до 10 часот по Гринич.

Како страствен инвеститор, Маск исто така влезе во драмата „Gamestop“ што ги потресе глобалните пазари оваа недела откако армија трговци на „Редит“ купија акции во војна со хеџ фондови.

„Не е сосема очигледно каква е вистинската материјална разлика помеѓу Елон Маск – најбогатиот човек на светот – кој има биткоин во својата биографија на Твитеr, a го нема таму“, рече Нил Вилсон, главен аналитичар на пазарот на „Маркетс.ком“.