Нејмар ќе оди на операција – oд клубот ги соопштија деталите за тешката повреда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НЕЈМАР (31) се здоби со тешка повреда на натпреварот Уругвај – Бразил (2:0) во рамките на јужноамериканските квалификации за СП 2026. Бразилската ѕвезда се повреди во судиското надополнување во првото полувреме, по дуелот со Уругвајски репрезентативец. Нејмар веднаш паднал на земја и побарал помош. Тој беше изнесен од теренот на носилки.

Ал Хилал, саудискиот клуб во кој дојде ова лето, објави детали за повредата. „Медицинските тестови кои ги направи Нејмар потврдија повреда на предните вкрстени лигаменти и менискусот на коленото. Ќе биде опериран. Програмата за лекување ќе биде одредена подоцна“, објави Ал Хилал на социјалните мрежи со порака до Нејмар: „Врати се посилен. .

На Нејмар му претстои пауза од шест до девет месеци. Тоа значи дека за него сезоната е завршена, но и дека ќе ја пропушти Копа Америка. Јужноамериканското првенство е за осум месеци. Нејмар, кој дотогаш ќе има 32 години, се уште нема освоено големо натпреварување со националниот тим.

Во Ал Хилал за две сезони ќе заработи 320 милиони евра

Нејмар летово по шест години го напушти ПСЖ. Парижаните за него добија отштета од 100 милиони евра. Тој потпиша двегодишен договор со богат клуб кој за тој период ќе му плати 320 милиони евра.