Нема да се намалуваат платите на државните административци, ниту бројот на административци во енергетската криза, но оние кои можат да работат од дома нема да мора да одат во канцеларија.
Ова го рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, говорејќи за новата методологија, според која административците ќе можат да работат од дома и со тоа ќе се намалат трошоците на институциите во време на криза.
Вицепремиерот за економски прашања рече дека доколку се донесе оваа одлука ќе биде за целиот јавен сектор бидејќи во ова време на криза се е во правец на штедење.
„Тоа е за сите, за целиот јавен сектор. Период на криза не е период за правење пресметки. Се даваат совети што треба да прават централната и локалната власт и јавните претпријатија и акционерските друштва. Тоа не се однесува лично на никого. Се е начин на штедење во овој период“, вели Фатмир Битиќи.
Сепак, од синдикатот стравуваат дека ако административците работат од дома, ќе земат помала плата од 10 до 30%.
