Некои на прослава, други на протест – како работникот во изминатите 30 години е доведен во ваква состојба?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не сите денеска ја прославуваа 30 годишнината од независноста на државата. Конфедерацијата на независните синдикати заедно со независниот синдикат на Полицијата излегоа на протест. Маршираа низ градот и се упатија кон Владата. Од таму порачаа:

Демонстрантите од Конфедерацијата на синдикати велат дека сакаат работникот да добива плата навреме и да добива К-15.

Од Синдикатот на полицијата велат дека од 2015 ништо не се сменило и дека наскоро ќе протестираат пред Владата со шатори. Доколку не се најде брзо решение за нивните барања, синдикатите велат дека ќе продолжат со протести.