Неколку напивки за поцврст сон

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Истражувањата покажуваат дека на возрасните луѓе им требаат најмаку седум часа цврст сон. А, постојат неколку видови напитоци кои можат да го подобрат спиењето.

Многу луѓе тврдат дека млекото им помага да се ослободат од стресот. Тоа е одличен извор на есенцијални аминокиселини. Исто така, казеин-протеинот овозможува чувство на ситост подолго време. Млекото содржи и триптофан, кој го регулира сонот, сметаат познавачите.

Камилицата со векови се смета за природен лек за намалување на шеќерот во крвта, лекување симптоми на настинка, но и помага при кревок сон. Затоа, пиењето чај од камилица помага при битката со несоница.

И сокот од цреша има многубројни здравствени придобивки, како што се јакнење на имунитетот и подобрување на кондицијата. И оваа напивка содржи големи количини мелатонин-триптофан.

– Пиењето сок од цреша го зголемува лачењето мелатонин во телото. Тоа ќе ве направи помалку будни ноќе, истакна д-р Тоби Амидор.

Лавандата пак, обично се користи како ароматерапија, но може да послужи и како средство за поцврст сон. А, помага и при депресија и замор, особено кај жените кои штотуку родиле.