Неколку се оштетени, а три електрични тронитети се украдени – Дурак: Знаеме каде се, информирана е полицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Пред две недели овие електрични тротинети беа пуштени во употреба како алтернатива за транспорт со кои ќе се олеснуваше и забрзуваше движењето на скопјани имајќи ги предвид сообраќајните метежи во главниот град, но сепак не сите граѓани ги користат одговорно.“, вели репортерката на ТВ21.

На социјалните мрежи беа објавени многу слики од оштетените електрични тротинети. Разни граѓани објавија слики на тротинети во контејнерите за отпад, под мостот на градскиот парк, тротинет со извадена електроника.

Се поставува прашањето колку вакви тротинети се оштетени и украдени и дали ќе сносат одговорност несовесните граѓани кои ги оштетиле?

Во врска со тоа го прашавме менаџерот на компнијата Бинбин, Висар Дурак, кој ни рече дека самиот систем на тротинетите покажува каде се наоѓа секој тротинет и во моментот кога некој се обедува да ги злоупотреби, системот алармира и екипите одат на лице место за да го евидентираат проблемот.

„Досега имаме три украдени тротинети и ги имаме сите податоци каде тие се наоѓаат и од кое место се земени. Пријавено е во полициската станица со сите детали, со слики и видеа и верувам дека органите ќе го решат проблемот.“, вели Висар Дурак.

Еден граѓанин пријавил проблем во врска со електричните тротинети. На фејсбук тој напишал дека неговата ќерка ја користела услугата и дека и покрај тоа што го стиснала копчето за завршување на возењето, апликацијата не функционирала како што треба и продолжило да и бидат наплатени пари од нејзината жиро сметка.

„Во моментот кога ја добивме пријавата, веднаш контактиравме со лицето иако во самиот систем можете да направите „енд рајд“ значи можете да го прекинете возењето и апликацијата вчитува дека вие не возите веќе и дека сте го оставиле тротинетот. Доколку продолжува да се наплаќа, самиот систем по одредено време ви ги рефундира парите. Сме контактирале со лицето и средствата се вратени.“, изјави Дурак.

Дурак вели дека тротинетите Бинбин се присутни и во 84 други европски градови и вакви нешта биле очекувани и во Скопје. Инаку над 500 тротинети се наоѓаат во 19 разни локации во Скопје. Истите можат да ги користат и туристите кои доаѓаат во нашата земја.