Американската сојузна држава Алабама вчера беше опустошена од неколку моќни торнада, во кои има најмалку петмина загинати, додека десетици други лица се повредени, а многумина се останати без покрив над главата.
Петте жртви се потврдени во градот Охатси, во северозападниот дел на Алабама.
Торнадо оштети згради и куќи и турна дрвја, соопшти Агенцијата за управување со кризи во округот Калхун. Спасувачките екипи се на терен и бараат евентуални нови жртви.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат низа урнати згради, откорнати покриви.
Еден полицаец во невремето бил погоден од гром и е хоспитализиран.
Гувернерката на Алабама, Ки Ајви, предупреди дека делови од државата се уште се зафатени од опасните временски услови. Таа ги повика сите кои се наоѓаат на патот на торнадата и другите временски формации да бидат во состојба на готовност.
Here is the drone timelapse sequence of the damaging rain wrapped Brent, Alabama wedge tornado this afternoon. Footage sped up 1000x. #tornado #alwx @MyRadarWX pic.twitter.com/gv5k2kHYJU
— Aaron Jayjack (@aaronjayjack) March 26, 2021
Порталот Al.com соопшти за „повеќе повредени“ во округот Шелби, југоисточно од Бирмингем.
-Округот Шелби претрпе значителна штета од торнадото. Некои куќи се целосно уништени, изјави за Al.com шерифот на округот Џон Саманиего.
Канцеларијата на шерифот во округот Џеферсон на Твитер потврди дека областа била погодена од торнадо, со предупредување до граѓаните да одат веднаш во прифатилиштето.
Националниот Хидрометеоролошки институт издаде предупредувања за торнадо за поголем дел од северниот регион на оваа американска сојузна држава.
