Нема 2/3 мнозинство – доцнат седниците во Собрание

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нема информации кога точно ќе започнат трите седици кои се закажани за денеска во Собранието. На дневен ред се наоѓаат закони за кои е потребно 2/3 мнозинство, а расправата по истите е завршена, останува само гласањето.

Потребно е најмалку 80 пратеници да гласаа „за“ за да бидат усвоени овие закони.

Прес конференција во Собранието досега одржа само Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ која рече дека денеска очекуваат да биде распуштен парламентот и да се оди на предвремени парламентарни избори.

На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ веќе испратило предлог за технички министер за труд и социјална политика, Ласовска вели дека тоа се уште се анализира во нивната партија, а конечниот збор за тоа го има лидерот Христијан Мицкоски.