Вестите кои се појавија на социјалните мрежи пред неколку дена дека во Боговиње се инсталира 5Г мрежа, и отфрли градоначалникот на општината, Аљбон Џемаили. Тој рече дека операторите само интервенирале за засилување на мрежата, бидејќи, како што рече, сега сите се дома и повеќе користат интернет.
„Уште тој ден добив официјална потврда од операторот А1, од каде ми потврдија дека воопшто нема врска со 5Г мрежата. Утрешниот ден добив потврда од Агенцијата која е надлежна за таа работа и од таму ми потврдија дека не се однесува на мрежата 5Г туку бидејќи луѓето сега се дома поради полицискиот час и операторот мораше да ја засили мрежата а воопшто не се однесува на 5Г“, вели Аљбон Џемаили.
Пред неколку дена и инженерот по телекомуникации Нусрет Халити во емисијата Клик Плус ги отфрли овие информации. Според него поврзувањето на 5Г мрежата со коронавирусот е смешно.
„Оваа работа со Ковид-19 и 5Г се чини дека е теорија на луѓето кои мислат дека земјата е рамна. Јас велам дека 5Г би го пренела вирусот Ковид-19 доколку земјата би било рамна. Со еден збор: ова е бесмислица дека системот 5Г го предизвикува Ковид-19“, истакна Нусрет Халити.
Според Министерството за информатичко општество и администрација, во Македонија досега се направени само два теста за мрежата 5Г – еден во 2018-та во ограничени лабораториски услови строго контролирани, и еден во 2019-та во ограничен простор. Од МИОА повикуваат порталите и медиумите да бидат крајно внимателни кога известуваат за мрежата 5Г.
