„Нема да прифатиме уцени од Трамп, ако сака трговска војна ќе ја добие“, вели Бремпт во интервју за ТВ21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 во Брисел направи ексклузивно интервју со белгиската политичарка Кетлин ван Бремпт, која е пратеничка во Европскиот парламент.

Со Бремпт разговаравме на различни теми, меѓу кои беше и Доналд Трамп и воведувањето на царините кон земјите од ЕУ.

„Трамп не ги почитува правилата. А, ние имаме многу правила. Ги имаме и Меѓународната трговска организација и меѓународните правила. Благодарение на нив сите знаат како да дејствуваат. А, тој не ги почитува тие правила. Затоа ни е тешко да процениме како ќе се одвива ситуацијата и како да се справиме со неа. Обично кога некој ги занемарува правилата и наметнува тарифи, мораме да преземеме противмерки. За време на првиот мандат на Трамп веднаш презедовме противмерки. Баравме производи кои би му наштетиле како Тексас, Бурбон, и им ставивме големи тарифи. Пак можеме да го направиме истото. Ако сака трговска војна,
ќе ја добие. Ќе преземеме противмерки на истото ниво, преку тарифите“, рече Бремпт.