Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 гостин е лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Тој зборуваше и за следните локални избори, каде што истакна дека ДПА ќе оди сама на изборите. Но, дека нема да се спротистави на СДСМ бидејќи се коалициони партнери, но не и со ДУИ.
„Мислам дека следните избори ќе се докаже дека ДПА е најздравиот конкурент на ДУИ. Мислам дека ќе одиме сами, затоа што треба да докажеме колку сме политички силни“, вели Тачи.
ТВ21: И во Тетово ќе одите сами? Ќе им се спротивставите на СДСМ и на ДУИ?
„На СДСМ не верувам дека ќе се спротивставиме, затоа што сме коалициони партнери. Сме разговарале и со претседателот на ДУИ и на СДСМ. Со ДУИ нема коалиција, никогаш. ДПА е единствената политичката партија која е здравиот конкурент на ДУИ. Ние сме со СДСМ во коалиција, не со ДУИ“, рече лидерот на ДПА.
