Нема доволно обрасци за пасоши, продолжува хаосот и чекањето за вадење документи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Гужви и долго чекање за вадење лични документи. Граѓаните се жалат дека не само што долго чекаат и не можат да извадат пасош по редовна постапка, туку треба да плаќаат и повеќе, односно пасош можат да земат само по итна постапка“, вели репотерката на ТВ21, Алмедина Исмајли.

-Не, не, ништо, само земав барање, ми дадоа еден број да се јавам утре и толку.
-Зошто дојдовте?
-Дојдов за пасошот, возачката и личната карта.
-Што ви рекоа за пасошот?
-Од утре натаму.
-Како е внатре, има ли гужва?
-Внатре не се влегува, бутни еден бутни друг, едвај влегов, сите се лути.
-Колку чекавте?
-Јас само половина час, влегов и излегов, само прашав. Многу се чека, со часови.

-Пасош и другите документи ги извадивте?
-Не, не, многу луѓе, не можам да влезам.

Вработени во одделот за вадење лични документи, зад камера ни рекоа дека нема материјали за пасоши и дека во моментов се издаваат само пасоши со итна постапка. Заменик министерот за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев зборувајќи за недостигот од материјали за пасоши, вели дека не станува збор за некаква саботажа од МВР.

Инаку до овој момент, над 1.300.000 граѓани ги замениле патните исправи. Во врска со информациите дека некои држави дозволуваат влез со старите документи, дополнителниот заменик министер рече дека земјите треба да одлучат за ова прашање и апелираше до граѓаните да извадат нови документи за да немаат неволји.