Екс премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи денеска повторно се занимаваа со толкување на законот за употреба на јазиците во Северна Македонија.
Вистина е дека во Струмица двојазичноста не може да се почитува. Ова се предвидува и со член 7 од законот за јазици, но истиот во исто време ја отфрла изјавата на лидерот на СДСМ кога вели дека албанскиот јазик ќе се употребува само во општини каде Албанците се над 20%. Всушност врз основа на параграф 2 од член 7, албанскиот јазик треба да се употребува и во регионалните канцеларии доколку во тој регион има најмалку една општина со над 20% Албанци. Ова подразбира дека албанскиот јазик не е официјален во Струмица, Кочани и Берово, но е во Велес и Прилеп.
„Во подрачните канцеларии на органите од државната администрација кои покриваат најмалку една единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот, називите на канцелариите ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо“, вели законот за употреба на јазиците.
Ова го објасни повторно денеска вицепремиерот од ДУИ, Бујар османи
Османи упати апел до секого кој што има дилема, вклучувајќи го тука и екс премиерот Заев, да се обрати до Агенцијата и Инспекторатот за спроведување на законот, и доколку има несоодветна примена, според Османи, Инспекторатот треба да го контактира и да донесе одлука за кршење на законот. Меѓутоа вчера директорот на Инспекторатот за јазици, Фатмир Исени за ТВ21 рече дека инспекторите се уште се на обука за добивање лиценци и дека ќе излезат на терен за неколку месеци.
