реклама
Ракометарите на Данска се ново-стари светски шампиони откако денеска во финалето ја совладаа селекцијата на Франција со 34-29.
Данците имаа проблеми со контролата на резултатот само во финишот на првиот и почетокот на вториот дел, а потоа дојдоа до водство од три разлика кое успешно го одржуваа, во финишот успеаја и да го зголемат и да слават уште една голема победа.
реклама
Лауге беше најефикасен со десет гола, а Питлик постигна девет.
На првенството одржано во Шведска и Полска, учествуваше и репрезентацијата на Македонија, која заврши на 27-мото место, од 32 репрезентации.
реклама