Голема трагедија се случи во близина на брегот на Рас Ал Каима во Обединетите Арапски Емирати, каде мал авион, сопственост на воздухопловниот клуб Ал Џезира, се урна во морето.
За жал, несреќата ги однесе животите на пилотот и на уште едно лице.
Според Генералната управа за цивилно воздухопловство (ГЦАА) , секторот за истрага на воздухопловни несреќи започна со истрага за утврдување на причините за оваа несреќа.
Истражните екипи се на терен, а во тек е анализа на сите релевантни фактори за да се дојде до прецизно објаснување што довело до оваа трагедија.
ФОТО: Архива
