Нема нови случаи на коронавирус во Македонија, подигнато нивото на контрола на патниците од Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше за состојбата со коронавирусот во нашата земја. Истакна дека нема нови случаи, и дека до сега нема нови пријавени за тестирање. Тој додаде дека се подигна контролата на патниците кои доаѓаат од Италија, и дека ќе потполнуваат здравствена локатор карта, и доколку пријават симптоми, за да може полесно да бидат најдени.

„Во изминатото деноноќие немаше нови пациенти кои се тестирани за коронавирусот. Вчера во текот на попладнето, при посетата на ГП Табановце, се јавија тројца пациенти, двајца патници од Италија и еден од Шпанија, кој престојувал таму во здравствена установа од друга причина, и сите тестови се негативни.

Единствената пациентка заболена од коронавирусот е добра, нејзината здравствена состојба секојдневно се подобрува.

Согласно тоа што има се повеќе заболени во Европа, согласно поригорозните мерки кои италијанските власти ги најавија за северниот регион, ние се одлучивме да ја подигнеме контролата, а тоа значи дека на патниците со авионите од Венеција и Милано, на скопскиот и охридскиот аеродром, ќе треба да пополнат здравствена локатор карта, што ќе биде дополнителна контрола. Ќе остават адреса каде ќе престојуваат во Македонија, и ако се јави некој со симптоми, полесно ќе се најде и ќе се окнтролира и тој, и патниците кои седеле околу него во авионот“, рече Филипче.