Нема плати, тетовската гимназија повторно во штрајк – Шала: Имаше обид за разрешување на директорката Лала

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Второто полугодие за средношколците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово сѐ уште не е почнато. Училиштето штрајкува поради доцнењето на платите.

-Навистина е голем проблем, бидејќи не е првпат, рече и колегата. Сметаме дека на оваа пракса треба да ѝ се стави крај, бидејќи според законот платите мора да се исплатат до 15-ти, додека на 16-ти веќе можеме дури и да тужиме. Затоа, ова нека биде опомена, бидејќи истото се случи и првиот пат.“, вели Исмаил Амити, професор.

Директорката на гимназијата, вели дека станува збор за политичко прашање. Според неа политизирани се и наставниците.

-Немам никакви официјални информации за бојкотот. А гледате дека политиката продолжува во гимназијата. Политиката навлезе толку длабоко…. и наставниците се толку инструментализирани што веќе не знаат кому му служат-вели Теута Лала, директорка на гимназијата.

Од Секторот за образование во општина Тетово, вината му ја префрлаат на ресорното министерство, кое како што велат, сѐ уште не ги пуштило блок-донациите.

-Ова нема никаква врска со општината бидејќи блок дотациите сѐ уште се во Министерството. Пред една недела ни се вратени ингеренциите и во процес сме да бараме од Министерството за образование и наука средствата од блок-дотации за гимназијата да бидат префрлат од Министерството во општината и тоа ќе се реши. Со префрлањето на овие средства во општината нема да има проблем ниту со плати, ниту со било што друго-вели Назми Даути од секторот образовние во Општина Тетово.

Од МОН, пак, тврдат дека градоначалникот Биљал Касами, попладневно свикал состанок и се обидел да ја разреши директорката Лала.

-Се зачудив поради обидот за разрешување на директорката на тетовската гимназија, Теута Лала, исто како што се случи претходно, вие го знаете тоа, бидејќи го следевте случајот. Искрено се изненадив од осудувањето кое владееше на таа средба од страна на градоначалникот и неговиот правен советник, не земајќи го предвид принципот на пресумпција на невиност, што значи дека никој не може да се смета за виновен доколку судот не го прогласи за виновен-вели Љирим Шала.

Стапиме во контакт и со Секторот за односи со јавност во општина Тетово, но од таму не сакаа да ги коментираат обвинувањата на Шала.