Нема предвремени избори, туку редовни – Ахмети му „помага“ на Ковачевски со идеја за функционирање под блокада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нема предвремени парламентарни избори! Ќе има редовни во 2024, независно од барањата на опозицијата. Ова е одлуката на владините коалициони партнери кои денеска се собраа на средба на која усвоија и потпишаа декларација за стабилност на граѓаните, домашната економија и бизнис секторот во услови на глобална криза.

На прашањето како ќе функционираат под блокадата што ја најави македонската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво, Ковачевски не даде конкретно решение. Во одговорот дури му помогна лидерот на ДУИ, Али Ахмети по што почнаа да се смеат присутните.

ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повтори барањето за предвремени избори.

Присутните на средбата со лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, беа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби,лидерот на Алтернатива Африм Гаши, лидерот на ЛДП, Горан Милевски и претставници на другите партии од коалицијата.