Нема преговори за идентитетот! Од Бугарија нема официјален предлог за компромис

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Нема преговори за нашиот идентитет“ – се произнесоа претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев. Од Вила Водно двајцата истакнаа дека од бугарската страна нема официјален предлог за компромис.

За премиерот Заев не се прифатливи тврдењата дека македонскиот јазик извира од бугарскиот јазик.

Бугарија не може да ја усвои преговарачката рамка на ЕУ за Северна Македонија според актуелната форма, рече пред новинарите бугарската МНР, Екатерина Захариева вчера. Таа истакна без разлика на спекулациите во македонските медиуми, Бугарија ниту сакала уставни измени а ниту доставила нови барања.