Нема стрикна препорака вакцините да не се мешаат – „Со вакцините не се потиснува, туку се тренира имунитетот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во очекување наскоро да има препораки за трета доза, најверојатно шест месеци по втората доза на вакцините против Ковид 19,  доктор Бојан Бошковски вели дека нема стрикна препорака да не се мешаат вакцините, но најверојатно ќе се практикува од која фармацевстка компанија сте примиле прва и втора доза од таа да примите од трета, освен ако нема или со исклучок на Астра Зенека која не се препорачува за помлади од 60 години.

„Околу мешањето на вакцините најголемиот број податоци што ги имаме тоа се од Англија или од Германија тоа се оние земји кои одлучија втората доза од Астра Зенека да не ја дадат на помладите граѓани, туку да ја заменат со некоја друга. И од таму имаме студии коишто потврдуваат дека имуниот одговор е приближно еднаков, а некаде дури имаме податоци кои велат дека имуниот одговор е подобар кога се мешаат вакцините“, истакна Д-р Бојан Бошковски.

Со оглед динамиката на примање на вакцините се наметнува прашањето дали можеби не се потиснува природниот имунитет на сметка на вакцините:

„Не би рекол дека се потиснува природниот имунитет на сметка на вакцините. Знаеме дека имунитетот кај сите не е ист. Кај некои е доживотен кај некои трае одреден временски период, па се намалува, а некогаш треба да се направи и ревакцина. Како кај децата, ние децата ги ревакцинираме во одреден временски период според календарот тој имунитет да се поттикне и да се добие добар имунитет понатаму“, додава Д-р Бојан Бошковски.

Со вакцините само се тренира природниот имунитет -вели доктор Бошковски, да се развие и да може да се носи со одредена болест конкретно со Ковид 19. Колку има потреба од трета доза во нашата земја се уште не се знае, но од искуството на другите земји најверојатно ќе треба во одреден период да се земе -додева тој.