Овие деца ги вршат нивните секојдневни обврски, полнат вода. Во нивното село, сите куќи немаат вода, затоа полнат од селската чешма. Училиштето во село е затворено, па сега имаат повеќе време за играње. Но, материјалот за учење остана на исто место откако се донесе одлука за прекин на наставниот процес . Овие ученици немаат ниту интернет, телефон или таблет, за да следат онлајн настава.
Јас учам, но немам каде, немам услови за да учам сега. Немаме телефон, лаптоп, ништо немаме, само да одиме во училиште.
Еден ученик нема ниту телефон, ниту интернет.
Не дојдоа наставниците кај училиштето, немаме услови.
-Дали знаете дека учителите наставата ја одржуваат преку интернет?
Да, знам, но немаме интернет дома.
Нијази Бајрами има пет деца, четири одат во училиште, но сега со оглед на тоа дека сега не одат на училиште, останале и без настава.
Тој не може да најде начин за да им помогне на своите деца за да продолжат со онлајн наставата како нивните врсници.
„Се обидуваат да гледаат телевизија, немаат лаптоп, телефон, еве само овој телефон го имаме, не може да се учи од него. Еве погледни нема ниту интернет. Им велат дека ќе им донесат но се уште ништо. Децата сакаат да учат, сите оценки им се петки.“, вели Бајрами.
Пред само неколку дена, министерот за образование, Арбр Адеми изјави дека нема ниту едно училиште во земјава во кое не се спроведува онлајн настава.
-Нема училиште на територијата на земјава во кое не се спроведува „далечинската настава“. Сите се дел од оваа нова форма на едукација. Наставниците се ангажирани и посветени и во овие тешки моменти, кога улогите се сменија. Тие успеаја од дома да одржуваат комуникација со нивните ученици и тоа на дневна основа.
Но, веројатно министерот не знаел за учениците од селото Раховиќ, општина Сарај. Ова село е 23.6 километри оддалечено од центарот на Скопје. Порано тука имаше многу жители но сега останале само осум куќи. Поради тоа што станува збор за планинско село, жителите одлучуваат да си заминат од таму. И жителите кои ги сретанавме велат дека не планираат да останат и понатаму во селото.
