Немаше чад, пареа беше, предизвикана е непотребна паника, велат од компанијата „Ројал травел“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Компанијата „Ројал травел“ реагираше на веста на ТВ21 дека во нивниот автобус имало чад.

Од компанијата за ТВ21 информираат дека надвор имало пареа од греењето, додека пак непотребна паника предизвикале патниците кои патувале сами.

„Надвор имаше пареа, немаше чад, само ги искршија стаклата и излегоа. Патниците ги фати паника, не сакале да завршат трагично, но всушност ништо не се случи. Во разговор сме и со членовите на семејството, немаме проблем со никого, сите велат дека нема проблем, само патниците предизвикаа непотребна паника“, нагласуваат од Ројал травел за ТВ21.

Во меѓувреме ТВ21 стапи во контакт и со МВР од каде велат дека нема пријави за овој случај.