ТВ21 во понеделникот објави имиња на можни носители на Изборните листи за трите најголеми партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Партиите не потврдуваат дека тие се нивниот избор, некои велат дека се уште не разговарале за конкретни имиња, други велат дека тоа се само предлози и идеји за кои допрва ќе се одлучува.
Правејќи анализа со изборите во 2016-та година и изборите кои претстојат на 12-ти април оваа година, а секако според наши неофицијални партиски извори, дојдовме до заклучок дека партиите ќе направат неколку промени на носителите на изборните лисит.
Дел поради слабите резултати, но дел од промените според партиските планови за евентуалната поделба на извршната власт, се разбира во зависност на резултатите на изборите.
