„Непoтребни се полемиките околу избирачкиот список“, рече Кондарко во „10МИНУТИ“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Членот на ДИК, Борис Кондарко, на гостувањето на емисијата „10МИНУТИ“ на ТВ21 рече дека полемиките околу избирачкиот список кои се појавуваат во јавноста во изминатиот период се неточни и непотребни.

„Треба да се држиме до законот. Ние имаме уредба, кога ќе заврши вонредната состојба, продолжуваме со изборите. Дали ќе се донесе нова уредба или не, но ние мора да се прилагодиме. Имаше непотребни полемики околу избирачкиот список. Сите нови податоци кои се случиле во меѓувреме треба да бидат доставени од МВР, односно сите оние кои во меѓувреме станале полнолетни и кои се стекнале со право на глас, или оние кои, за жал, починале“, рече Кондарко.