Нереди во Париз: Апсења, упади, водени топови (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во Париз привела повеќе од 100 лица на денешниот протест кој је одржан поради предложениот закон за безбедност, пренесува АП.

Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека до доцна попладнево се уапсени 119 лица.

Полицијата ги уапси демонстрантите за кои се осомничени дека може да се здружат во насилна група, како оние кои на претходните протести уништија продавници и автомобили, и напаѓале полициски службеници.

На крајот полицијата употреби и воден топ за да ги растера учесниците на протестот.

Освен во Париз, протести се одржаа и во други градови. Во Лион се уапсени пет лица, за кои надлежните тврдат дека нападнале полициски службеници, и пробале да ограбат продавници.