Околу преставките пред Уставен суд за системот „Безбеден Град“, Панче Тошковски во студиото на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“, коментираше дека истите се несериозни, и дека се сака да се направи систем кој ќе биде еднаков за сите и ќе донесе само бенефит за сите граѓани.
„Ги гледав аргументите на подносителите на предмети за Сејф Сити пред Уставниот суд, и од правен аспект мислам дека се тотално неиздржани. Еден од аргументите беше дека ќе се казнувале само Албанци, а не Македонци. Не знам само од каде им текнуваат тезите. Несериозно е кажувањето. Или дека ќе се казнувале само Македонци, немало да казнуваат Албанци. А, бе луѓе… Прашањето е сакаме да направиме нешто добро за државата или не сакаме. Еве, нека отиде било кој политичар во голем град и ќе види дека има систем, и дека истиот важи за сите подеднакво“, рече Тошковски.
