Расте трагичниот биланс – најмалку 50 загинати во судирот на два брзи воза во Шпанија

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Бројот на жртви во трагичната железничка несреќа во Шпанија се искачи над 50. Несреќата се случила во средата, во провинцијата Толедо меѓу градовите Мора и Оргас. Шпанската државна железничка инфраструктурна агенција „Адиф“ соопшти дека железничкиот сообраќај на линијата што го поврзува Мадрид со јужниот регион Андалузија е прекинат по судирот.

Според објавените информации, во несреќата учествувале воз на државната компанија „Ренфе“ и воз на компанијата „Ирио“, кои сообраќале од Мадрид кон Севилја. Брзиот воз на „Ренфе“ удрил во задниот дел на возот на „Ирио“. Како резултат на судирот, два вагона од возот на „Ирио“ излетале од шините.

Екипите на итната помош се ангажирани на терен за справување со последиците. Мануел Галан, градоначалник на Урда, во близина на Толедо, изјавил дека службите за итни случаи побарале од него да подготви спортска сала за сместување на повредените.