Зборувајќи за претстојниот втор изборен круг на изборите за градоначалник на Брвеница, Мицкоски реќе дека граѓаните таму ќе продолжат да живеат еден до друг и после 1 ноември, повикувајќи ги да не гласаат според етничка припадност, туку за оној што ќе им донесе повеќе за нивните семејства.
„Ќе дојдат политичари коишто ќе ги делат, по етничка припадност најчесто. Тоа се очајници, коишто на овој начин се трудат, она малку што остана од нивната политичка иднина, да ја спасат. Но, не заборавајте дека тие ќе си заминат и нема очи да ги видите, а вие ќе останете да живеете и понатаму едни до други, Македонци и Албанци. И немојте никогаш да гласате затоа што некој од политичарите ви вели: гласајте за овој затоа што е етнички припадник на таа заедница или на другата, туку гласајте онака како што ви вели разумот и срцето. Гласајте за оној кој што ќе ви донесе подобри времиња за вас и вашето семејство и повеќе проекти“, рече Мицкоски.
