Несреќа на улична трка во Хрватска, со автомобил излетал од патеката, има повредени (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска се случи несреќа на улична трка во Осиек. Имено, еден од учесниците на 31-та улична трка Осиек излетал со својот автомобил од патеката и удрил во гледачите. Четири лица се повредени и префрлени во болница.

Полицијата за настанот била известена околу 15:25 часот и веднаш излегла на местото на настанот. Во тек е истрага, информираат од полицијата.

Уличната трка Осиек се одржа на спортскиот аеродром Осиек-Чепин и собра 230 натпреварувачи од Европа. Како што можете да се види на видеото објавено на Фејсбук, автомобилот удрил во трибината поставена до пистата.