Две лица загинаа а 14 се повредени во автобуска несреќа во француското скијалиште, Порте Пијморенс на самата граница со Шпанија и со Андора.
Седуммина биле хоспитализирани. Во автобусот имало 46 патници и возачот.
Локалните власти соопштија дека и натаму ги истражуваат причините за несреќата.
Повеќе од 120 лица учествувале во спасувањето, а биле вклучени и спасувачи од Шпанија и од Андора. На лице место биле и хеликоптери.
