Несреќа во Вашингтон: Еден контролор работел за двајца, и ден претходно авион имал инцидент со хеликоптер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Истражителите на авионската несреќа на реката Потомак, каде патнички авион со 60 патници и четворица членови на екипажот се судри со воен хеликоптер Блек Хок со три лица, успеаја да ги пронајдат двете црни кутии кои ќе дадат одговори за причините за шокантниот судир во небото над Вашингтон. Националниот одбор за безбедност на транспортот ја даде црната кутија за детална анализа. Сите 67 луѓе се претпоставува дека се мртви бидејќи нуркачите на ФБИ продолжуваат да ги извлекуваат телата од студената река. 

Во меѓувреме, NY Times известува дека воен хеликоптер „можеби скршнал од одобрениот пат на летот пред неговиот фатален судир со авион на Американ Ерлајнс над реката Потомак“.

Судирот се случил во средата навечер по американско време, во раните утрински часови во четвртокот по хрватско време, кога авионот се приближувал до националниот аеродром Реган, каде персоналот на кулата за контрола на летање „не функционирал нормално“, се вели во прелиминарниот извештај на Федералната управа за авијација. Се чини дека едно лице ја вршело работата за двајца, пишува и Вашингтон пост. 

Неофицијално, еден контролор на летање управувал и со хеликоптери и со авиони на националниот аеродром Реган, а обично има едно лице кое ги насочува хеликоптерите, едно авионите. Но, во тој момент имало само еден.

Исто така се гледа како хеликоптерот од некоја причина не бил на одобрената рута, и летал повисоко од потребното, додека минувал низ воздшниот простор.

Внатрешниот извештај од агенцијата, наводно откриен од Њујорк Тајмс, вели дека контролорот кој управувал со хеликоптерите во близина на аеродромот, исто така давал инстуркции и за авионите кои полетувале и слетувале на пистата. Надзорникот од непозната причина дозволил еден контролор да си замине, според кажувањата на лице упатено во екипирањето на контролната кула.

Во меѓувреме, Вашингтон пост пишува дека еден авион и претходниот ден пред кобната несреќа, се пожалил на близината на хеликоптер до пистата, и поради тоа морал да го одложи слетувањето на аеродромот „Роналд Реган“. Тој инцидент минал без последици.

„Њујорк тајмс“ пишува дека еден од пилотите на млазните авиони побарал пренасочување на рутата на слетување на друга писта, што не било одобрено.