Невидени кадри од реновираниот Бернабеу – погледнете го спектакуларниот стадион на Реал

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На Твитер профилот Fanaticos RMCF беше објавена досега невидена снимка од реновирањето на Сантијаго Бернабеу. Тие покажуваат како ќе изгледа новиот дом на Реал со покрив кој се повлекува.

Мадридскиот гигант ја започна реконструкцијата на стадионот во 2019 година, а целиот проект беше проценет на 525 милиони евра. Тој број порасна поради доцнењето на работите поради пандемијата на коронавирус, а потоа и поради поскапувањето на суровините поради војната во Украина.

Подвижен тревник, подвижен покрив, зголемување на капацитетот за 4.000 седишта на вкупно 85.000 се само дел од новитетите во реконструкцијата на футуристичкиот стадион на Реал, за кој се зборуваше дека е најмодерниот во светот уште пред да започне работата. . Ова го поткрепуваат снимки од социјалните мрежи, пишуваат шпанските медиуми.