Паднати дрва и кабли за стуја на земја. Бидејќи семафорите не работеа, сообраќајот беше отежнат.
Ваква беше состојбата поради невремето во скопската населба „Маџари“. На социјалните мрежи кружат и неколку фотографии споделени од граѓани, на кои може да се забележат неколку паднати дрвја на „Аеродром“ и на булеварот „Александар Македонски“.
Чистењето на учиците во Скопје продолжи и денеска.
Од ЕВН Македонија известуваат дека екипите на Електродистрибуција и МЕПСО напорно работеа цела ноќ за да го поправат дефектот кој настана како резултат на вчерашното силно невреме кое го зафати Скопје.
„ЕВН Македонија изразува голема благодарност до МЕПСО и ЕЛНОС Скопје за несебичниот ангажман и дадената поддршка во вакви кризни и итни состојби, велат од ЕВН Македонија“.
Инаку до ЦУК се пристигнати пријави за 35 паднати дрвја, 15 бандери, 21 оштетени покриви, 10 поплавени куќи и две оштетени автомобили.
