Формирањето паралелна комисија за заразни болести предложена од комисијата, беше тема на дебата во синоќешното издание на Клик Плус. За ова пратеникот од коалицијата Сега е време, Аднан Незири вели дека идејата се родила бидејќи актуелната комисија политичка и неефикасна. Опозицијата бара комисијата да се гласа во Собрание и да одговара пред истото.
„Ние сега мислиме тој закон да го повториме на редовна постапка каде мислиме да се измени Комисијата за заразни болести бидејќи актуелната комисија формирана од Владата не е ефикасна и е политичка. Комисијата сакаме да ја формираме со поддршка од Собранието и таа комисија да ја гласа Собранието со 2/3 од гласовите и да одговара пред истото.“, рече Незири.
Со констатацијата на Незири не се согласува пратеникот на ДУИ, Бајрам Кадрија. Тој верува дека Владата не носи политички одлуки во време на пандемија, туку се потребни поригорозни мерки за заштита.
„Горкото искуство од Комисиите кои ги формира Парламентот , бидејќи тие комисии се формираат за никогаш да не се заврши работа. Тоа излегува дека кога формира анкетна комисија за нешто, резултатот долго време може да биде под знак прашалник. Јас не верувам дека Министерството за здравство, Владата и другите министерства или членови на кабинетот ќе донесат политичка одлука во време на пандемија која ги засега сите.“, рече Кадрија.
Инаку за овој предлог на опозицијата претседателот на Собранието Талат Џафери извести дека ќе се дебатира на седница предвидена за денеска.
