Никогаш повеќе пациенти на респиратор во Србија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Според најновите податоци од Србија, во последните 24 часа се регистрирани 5.774 нови случаи на Ковид-19, од тестирани 16.938 лица.

Според новите информации, никогаш повеќе ациенти не се наоѓале на респиратор во оваа земја. Моментално се наоѓаат 209 лица.

Владата на Србија денеска донесе нови седум мерки во спречување на коронавирусот.

Здравствените власти апелираат на почитување на мерките, споменувајќи дека капацитетите на болниците се преполни, и дека се чуваат само уште неколку места ширум градовите само за најтешките случаи.