Никој не може да ги сопре „Бетонските џинови“ , министерството ја префрла топката на Општина Центар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Центар не ги доставила потребните извештаи за одложување на ДУП-от пријавен во Министерството за транспорт и врски. Од Комисијата истакнаа дека извештаите биле направени според еден погрешен член од Законот за Детален урбанистички план.

Конкретно станува збор за таканаречените бетонски џинови што треба да се градат во близина на хотелот Холидеј Ин. Според министерот, во општина Центар доколку дале дозвола за изградба, тие ја имаат, дозволите се издаваат и во електронска форма.


Инаку, инвеститорите, компанијата МГ Фешн и МПЦ преку компанијата Обновители платиле комунална такса во вредност од 150 милиони денаи односно 2,43 милиони евра, 60% на Град Скопје (1,4 милиони евра) и 40% на Општина Центар (1 милион евра).