Никој не знае што значат трите бројки на рамката на очилата: Тие даваат многу важни информации
Поточно, повеќето мислат дека бројките на рамката се поврзани исклучиво со моделот на рамката на очилата, но не е така.
Ако знаете што значат, купувањето ќе ви биде многу полесно, пишува Данас.
Овие бројки укажуваат на големината.
На рамката што ја земавме од колега од редакцијата се испишани бројките 51-16-145 mm.
На секој оптичар му е јасно дека тоа значи:
51 – Ова е големината на очите која обично варира од 40 mm до 62 mm.
16 – Ова е ширината на коренот на носот. Обично оваа бројка варира од 14 до 24 mm.
145 – Ова е должината на слепоочниците и обично бројката варира од 120 до 150 мм.
Другите бројки на рамката навистина го означуваат моделот.
