Никола Димитров позитивен на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров е позитивен на коронавирус.

Димитров оваа вест ја објави на својот Фејсбук профил.

„Се подготвував за посета на Луксембург, ама тестот покажа дека јас веќе сум имал опасен „гостин”. Нека продолжи да вирее без да го забележувам многу и побрзо да го снема. Чувајте се луѓе, да сте здрави и живи сите!“, напиша Димитров во својата објава.