Холивудската ѕвезда Николас Кејџ ќе стане дел од популарната видеоигра Call of Duty: Black Ops 7 и Call of Duty: Warzone како дел од претстојната летна сезона на акција.
Новата содржина ќе биде достапна од 25 јуни преку ажурирањето „Season 4: Reloaded“, кое носи низа новитети за играчите. Меѓу нив се нови мапи, режими на игра и трајно враќање на омилениот класичен режим од серијалот Black Ops.
Ажурирањето ќе донесе и освежувања за режимите Zombies, Endgame и Warzone, вклучувајќи ново оружје, дополнителни мапи и специјални предизвици.
Најголемо внимание сепак привлекува доаѓањето на Николас Кејџ како игрив лик. Според најавата на издавачот, актерот ќе биде главното лице на летната сезона на акција и ќе биде достапен преку нов Event Pass.
Покрај него, играчите ќе можат да учествуваат во дневни настани за најава, нови натпреварувачки серии во мултиплеер и Resurgence режимот, како и во специјалниот настан „Kowakujō“. Преку овие активности ќе можат да освојат различни награди, меѓу кои предмети за опрема, камуфлажи за оружје, двојни XP токени и други бонуси.
Со вклучувањето на Николас Кејџ, „Call of Duty“ продолжува со традицијата на ангажирање познати личности во своите игри, нудејќи им на фановите ново и уникатно гејмерско искуство.
