Николоски: Автопатот Охрид-Кичево се гради со предвидената динамика, во постојана координација се реализираат сите комплексни задачи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Автопатот Охрид–Кичево се гради според предвидената динамика, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на „Фејсбук“.

Тој објави фотографии од работниот состанок со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, оценувајќи дека работите се одвиваат со висока динамика и дека се решаваат сложени инженерски проблеми.

„Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите комплексни задачи се реализираат со постојана координација помеѓу министерството за транспорт, јавното претпријатие за државни патишта и изведувачите.“, напиша Николоски.