Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска на прес-конференција рече дека два дена има молк од Зоран и Вице Заеви за случајот „Рекет“, односно дека се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец.
„ Прес конференцијата денеска е продолжение на вондредната прес конференција пред два дена. Имено за она што имавме индиции пред два дена за жал се потврдува, практично немаме друга европска држава во која што премиер се гледа со главни осомничени во најголем корупциски скандал во државата.
Во ниту една друга европска држава братот на премиерот не остварува координација со главни осомничени во најголемиот корупциски скандал во државата.
Од сега па натаму „Рекет“ не е изолиран случај или системски пропуст како што сакаше власта да го објасни. Туку тој станува државен рекет каде што премиерот и неговиот брат се вмешани.
Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев за фактот дека остварувале средби и се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и веќе осудениот за „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец.
Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев. Не објаснуваат што зборувал Зоран Заев на средбата со Катица Јанева во август. Откако веќе на целата македонска јавност и беше познато за случајот „Рекет“ и беа објавени во јавноста снимките во кои што се гледа торбата Луј Витон. И што правел во текот на месеците јуни и јули братот на премиерот Вице Заев заедно со Зоран Милески Кичеец. Ако е вистина дека Зоран Заев го пријавил прв случајот како тогаш се гледал тој и неговиот брат со главните осомничени во случајот во кој што тој прв го пријавил?“, прашува Николоски.
