Николоски: Заев нема да ме замолчи за зборувам за „Рекет“, ме тужеше, а денеска не дојде на Суд

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, денеска после судско рочиште во кое е тужен од премиерот Зоран Заев, рече дека е poголем апсурд што е тужен од самиот премиер, е тоа што тој не доаѓа на судски рочишта, туку испраќа адвокат.

„Повторно сме сведоци на еден апсурд, а тоа е дека ја малтретираме јавноста и вас и Судот и себе со апсурдни работи кои што ги смислува власта. Имено денес најмоќниот живот во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев ме тужи за клевета. Ова е работа која што не е видена во демократскиот свет иако не
може да најдете ни една демократска држава, европска држава, држава членка на Европска Унија каде Македонија сака да стане дел каде што премиерот, најмоќниот човек во државата за политичка изјава тужи за клевета потпретседател на најголемата опозициона партија.

Ова е невидено, го нема никоја земја членка на Европската Унија. Да е апсурдот поголем, ме тужи за работи кои што се јавно познати и коишто доколку не
се согласува може да пушти еден едноставен демант. Се работи за моја изјава дадена на крајот на август 2019 година, значи нешто повеќе од една година кога се
развиваше случајот познат во јавноста како „Рекет“ кој што има веќе и судска завршница сега во Основен Суд во која што изјава тогаш за јавноста јас сподели дека до нас доаѓаат сознанија согласно кои што сознанија се изрекетирани бизнисмен кои што во јавноста тогаш се тврдеше дека се работи за само еден бизнисмен, дека се изрекетирани многу повеќе средства од тие средства кои што тогаш беа споменувани во јавноста дека се работи за една сума однекаде од над 20 милиони евра и дека таа операција не може да ја завршат двајца или тројца луѓе,
дека е добро организирана операција и дека на врвот на таа пирамида стои Зоран Заев и СДСМ.

Она што исто така е забележително и во претходниот и
во овој случај е дека, како што не се појави Вице Заев на рочиштето на кое ме тужеше за клевета, на ист начин денес Зоран Заев не се појави на рочиштето на
коешто ме тужи за клевета, напротив избра да испрати адвокат од најскапата адвокатска канцеларија во Македонија, а јас еве повторно решавам да се бранам
сам затоа што веројатно онаму каде што е вистината нема потреба од адвокати, а онаму каде што не е вистината има потреба од скапи адвокати. Се надевам дека во овој судски процес ќе ја докажам вистинитоста на мојата изјава“, рече Николоски