Николов: Наместо за 2 часа, изгоре за две минути, СДСМ: Модуларните болници не се од пластика и стиропор како „Скопје 2014“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните имаат право да знаат, а одговорните мора да дадат одговори наместо да молчат. Кој е крив што се уште нема одговор од кој материјали биле изградени модуларните болници? Кој е крив што она што требало да издржи два часа во најлош случај, изгоре за две минути? Кој од власта се заканува на роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува и им сугерира и кажува што да сведочат?-прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ и чекаат одговори од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче како и од директорите на болницата.

-Прво како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин. Второ, дали министерството за здравство побарало и наложило спецификации и соодветни стандарди за градба на модуларните бараки? Трето, колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува на добиениот производ? Четврто, зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита? Петто, дали е нормално здравствена заштита во состојба на епидемија во инфективна болница да даваат членови на семејства на пациентите?“, рече Николов.

Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014 –та кое граѓаните ги чинеше над 600 милиони евра. Игор Николов треба да се засрами кога бара одговорност, морал и етика, треба да се засрами в очи да ги погледне неговите колеги лекари, здравствениот персонал кога зборува за градби треба да каже што се ќе се направеше за здравствениот систем за 600 милиони евра велат во реакцијата СДСМ.

„70 години една плочка не се смени во Клинички центар, 11 години ВМРО ДПМНЕ не помрдна со прст за здравствениот систем, за медицинскиот персонал, пациентите. Игор Николов наместо празни флоскули и лаги нека одржи една прес конференција што се ќе добиеше здравството и пациентите за 600 милиони евра. Наместо лажни вести и дезинформации Николов и ВМРО-ДПМНЕ да остават истрагата да ги даде сите одговори.“, соопштија од СДСМ.

Во своето прво појавување пред новинарите по оставката, министерот за здравство Венко Филипче рече дека ниту бега од прашања, ниту од одговорност, нагласувајќи дека здравствениот систем е многу сложен и мора да се менаџира, особено во време на пандемијата со „Ковид-19“. Шефицата на Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска информираше дека е комплетирана целата документација, а истражителите почнале со работа. Германски експерти веќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово.